• понеделник, 23 декември 2024

Изречени 123 санкции за брзо возење на територија на СВР Куманово 

Изречени 123 санкции за брзо возење на територија на СВР Куманово 

Скопје, 5 март 2023 (МИА) - На територијата на СВР Куманово, денеска во периодот од 12:00 до 18:00 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 123 возачи.

Како што информираат од МВР, од нив 107 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/сст/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан