• вторник, 24 декември 2024

Изречени 106 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Изречени 106 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) - На подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица вчера во времето од 10:00 до 18:00 часот била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти денеска МВР, притоа биле констатирани 106 прекршување на брзината, од кои 53 на подрачје на Радовиш, 28 на подрачје на Струмица, 14 на подрачје на Валандово и 11 на подрачје на Гевгелија.

Од нив, 57 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 49 во населено место, од кои три возила се движеле со брзина над 50 километри над час повеќе од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. дма/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан