Израел ја потврди смртта на првиот војник во Либан
- Потврдена е смртта на првиот израелски војник убиен во Либан од почетокот на копнената инвазија.

Ерусалим, 2 октомври 2024 (МИА) - Потврдена е смртта на првиот израелски војник убиен во Либан од почетокот на копнената инвазија.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека 22-годишниот капетан Ејтан Јицак Остер бил убиен денеска во Либан.
Остер бил командант на тим во единицата Егоз, елитна единица командоси специјализирана за герилска војна. паг/