• петок, 08 ноември 2024

Израел тврди дека Иран е одговорен за киднапирањето на бродот во Црвеното Море од страна на Хутите

Израел тврди дека Иран е одговорен за киднапирањето на бродот во Црвеното Море од страна на Хутите

Ерусалим, 19 ноември 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили денеска соопштија дека киднапирањето на бродот во Црвеното Море од страна на Хутите во Јемен, поддржани од Иран, е „многу сериозен инцидент на глобално ниво“ и дека „иранскиот тероризам“ е директно одговорен за тоа.

Кабинетот на премиерот објави соопштение како одговор на киднапирањето на британскиот брод управуван од јапонска компанија во Црвеното Море, обвинувајќи го Иран за инцидентот, пишува Тајмс оф Израел.

Во соопштението се наведува дека на бродот имало 25 членови на екипажот од Украина, Бугарија, Филипините и Мексико, но немало Израелци.

„Ова е уште еден чин на ирански тероризам кој изразува чекор напред во иранската агресија против граѓаните на слободниот свет и создава меѓународни импликации кога станува збор за безбедноста на глобалните бродски рути“, се додава во соопштението.

Се вели дека бродот отпловил од Турција до Индија со меѓународен цивилен екипаж. паг/

Фото: МИА архива


 
 

Остани поврзан