• петок, 23 август 2024

Израел тврди дека го контролира Рафа во јужниот дел на Газа

Израел тврди дека го контролира Рафа во јужниот дел на Газа

Газа, 21 август 2024 (МИА) – Израел ја порази бригадата на Хамас во областа Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант за време на посетата на граничната област меѓу Газа и Египет.

- Бригадата Рафа на Хамас е поразена, а над 150 тунели се уништени во регионот, рече тој.

Тој им наложи на војниците во наредниот период да се концентрираат на уништување на преостанатите тунели на границата меѓу крајбрежниот појас и Египет.

Израел напредуваше во Рафа во мај, и покрај големите меѓународни критики, со цел да ги уништи преостанатите сили на палестинската исламистичка терористичка организација таму. Се проценува дека околу еден милион бегалци се собрале во градот, но оттогаш го напуштиле.

Израелските војници го освоија и граничниот премин Рафа кон Египет, познат како коридор Филаделфи. Оваа област долга 14 километри се смета за една од најголемите точки на расправа во преговорите за прекин на огнот во Газа.

Хамас бара целосно повлекување на Израел од Појасот Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, од друга страна, инсистира дека Израел мора да продолжи да го контролира коридорот и по прекинот на огнот за да се спречи шверцот на оружје. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан