• вторник, 27 август 2024

Израел предупредува на можни напади од Иран

Израел предупредува на можни напади од Иран
Ерусалим, 3 декември 2020 (МИА) - Израел денеска предупреди дека неговите институции во странство би можеле да бидат мети на напади од страна на Иран по неодамнешното убиство на иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде. Израелското Биро за борба против тероризмот соопшти дека Иран би можел да изврши напади врз израелски објекти во Грузија, Азербејџан, Турција, Обединети Арапски Емирати и во Бахреин. - Поради неодамнешните закани од иранските агенти и нивнта неодамнешна вмешаност во терористички напади во разни земји, постои загриженост дека Иран ќе се обиде на тој начин да дејствува врз израелски мети, се истакнува во соопштението на Бирото. ми/

Остани поврзан