• вторник, 24 декември 2024

Израел првпат ја употреби морската верзија на системот за воздушна одбрана Железна купола и собори дрон над Ејлат

Израел првпат ја употреби морската верзија на системот за воздушна одбрана Железна купола и собори дрон над Ејлат

Техеран, 9 април 2024 (МИА) - Израел по првпат ја искористи морската верзија на својот систем за противвоздушна одбрана Железна купола, соборувајќи беспилотно летало над Црвеното Море.

Беспилотното летало било насочено над Црвеното Море кон израелскиот пристанишен град Ејлат, каде што биле активирани сирените за воздушен напад, соопшти израелската армија. Ејлат често е мета на ракети и беспилотни летала истрелани од јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, кои ја покажуваат својата солидарност со радикалната палестинска група Хамас, која се бори во Појасот Газа.

Израел распореди бродови со системи за противракетна одбрана во Црвеното Море од почетокот на конфликтот во Газа на 7 октомври минатата година, објави израелската армија. Еден од овие бродови го собори дронот со новиот противракетен систем, варијанта на „Iron Dome“ наречена „C-Dome“.

„Синоќа, по првпат во историјата, ракетна корвета )мал воен брод) од класа 6 на израелските одбранбени сили Саар успешно пресретна беспилотно летало што се приближуваше од исток и влезе во воздушниот простор на израелската територија во заливот Ејлат“, се вели во соопштението на израелската војска. 

Според израелската воена компанија „Рафаел“, „Морската купола“ ги користи истите пресретнувачи како и копнениот систем за воздушна одбрана „Железна купола“, кој е дизајниран за ракети со краток дострел и беспилотни летала. ссм/

фото: ИДФ

Остани поврзан