• понеделник, 23 декември 2024

Израел одобри изградба на повеќе од 3.400 нови домови за доселениците на Западниот Брег

Израел одобри изградба на повеќе од 3.400 нови домови за доселениците на Западниот Брег

Тел Авив, 6 март 2024 (МИА) – Израелската влада објави планови за изградба на повеќе од 3.400 нови домови во населбите на Западниот Брег.

Околу 70 отсто од куќите ќе бидат изградени во Мале Адумим, источно од Ерусалим, а останатите во блиските Кедар и Ефрат, јужно од Витлеем, пишува Би-Би-Си.

Израел изгради околу 160 населби во кои живеат околу 700.000 Евреи откако го окупираше Западниот Брег и Источен Ерусалим во војната во 1967 година, што Палестинците го сакаат како дел од идната држава.

Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека Вишиот комитет за планирање на цивилната администрација, телото кое ја спроведува политиката на израелската влада на Западниот Брег, денеска ги објави плановите за изградба на 3.476 домови за доселениците – 2.452 во Мале Адумим, 694 во Ефрат и 330 во Кедар.

Изградбата, наводно, е одобрена да почне во јуни и е одговор на Израел на нападите во близина на Мале Адумим пред две недели, во кои имаше жртви.

Палестинската управа ги осуди овие намери.

Поголемиот дел од меѓународната заедница смета дека населбите се нелегални според меѓународното право, иако Израел го оспорува тоа. јт/

Остани поврзан