• понеделник, 23 декември 2024

Израел негира дека преговара за повлекување на војниците од границата меѓу Појасот Газа и Египет

Израел негира дека преговара за повлекување на војниците од границата меѓу Појасот Газа и Египет

Ерусалим, 12 јули 2024 (МИА) - Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го оцени како „целосно лажна вест“ извештајот на светска новинска агенција дека разговара за повлекување на Израелските одбранбени сили (ИДФ) од границата меѓу Појасот Газа и Египет во рамки на потенцијалниот договор за прекин на огнот.

Во извештајот кој се повикува на два египетски извори и трет извор близок до таа тема, се наведува дека израелските преговарачи разговараат за поставување електронски систем за надзор во таканаречениот коридор Филаделфија, наместо воено присуство, јавуваат израелските медиуми. 

Извештајот беше објавен еден ден откако Нетанјаху постави ново барање Израел да продолжи да ја контролира таа клучна граница според каков било договор.

„Премиерот инсистира Израел да остане во коридорот во Филаделфија. Тој го нареди тоа на преговарачкиот тим, им го објасни на американските претставници и за тоа вчера го информираше безбедносниот кабинет (најблискиот состав на Владата задолжен за безбедноста)“, се наведува во соопштението од кабинетот на Нетанјаху. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан