• вторник, 24 декември 2024

Израел мобилизира дополнителни резервисти, масовна евакуација во Либан поради бомбардирањата

Израел мобилизира дополнителни резервисти, масовна евакуација во Либан поради бомбардирањата

Бејрут, 28 септември 2024 година (МИА) - Израелската армија соопшти дека мобилизира дополнителни резервни војници поради ескалацијата на тензиите со Либан.

Утрово израелската армија изврши неколку напади на југот на Бејрут и долината Бека во источен Либан. Хезболах истрела десетици проектили низ северен и централен Израел и окупираниот од Западен Брег од Израел.

Армијата соопшти дека активира три баталјони резервни војници, откако претходно оваа недела испрати два баталјона во северен Израел за да се обучуваат за можна копнена инвазија.

Јужните предградија на Бејрут утринава се уште се покриени со чад од воздушните напади, а улиците се празни.

Засолништата поставени во центарот на градот за раселените лица беа преполни. Многу семејства спиеле на плоштади и плажи или во своите автомобили. Стотици луѓе побегнаа пеш кон планините над главниот град.

Министерството за здравство на Либан денеска објави дека планира да ги евакуира болниците во јужен Бејрут поради ескалацијата на израелските воздушни напади.

Министерството, исто така, ги повика болниците во Бејрут кои не се погодени од нападите да ја прекинат работата на случаите кои не се итни до крајот на неделата за да примаат пациенти од јужните предградија. паг/

Фото: МИА архива


 

 

Остани поврзан