• сабота, 23 ноември 2024

Израел демантира дека неговите војници ги закопувале Палестинците во масовна гробница во Газа

Израел демантира дека неговите војници ги закопувале Палестинците во масовна гробница во Газа

Женева, 24 април 2024 (МИА) - Телата откриени во масовна гробница во Појасот Газа не биле закопани од израелски војници, туку од Палестинци, соопшти вчеравечер израелската амбасада во Женева.

-Тврдењето дека израелските одбранбени сили (ИДФ) закопале палестински тела е неосновано, наведува амбасадата.

Војниците, според амбасадата, „само ги прегледале телата во гробницата во потрага по израелски заложници, се почитувало достоинството на загинатите, а телата на Палестинците биле вратени на истото место“.

-Претресот беше извршен внимателно и исклучиво на места каде разузнавачките информации укажуваа на можно присуство на заложници, соопшти амбасадата.

Палестинскиот тим за цивилна одбрана во Газа во понеделникот извести дека масовна гробница со 283 тела била откриена во близина на болницата Насер во јужниот енклавен град Кан Јунис. Според канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк, кој ја повика цивилната одбрана, на некои тела им биле врзани рацете.

Турк вчера рече дека е „згрозен“ од извештаите за откривање масовни гробници во близина на болниците во Газа и повика на независна истрага за причините за смртта.

Имаше извештаи и за пронајдени тела во болничкиот комплекс Ал Шифа во градот Газа. Според меѓународното право, болниците имаат право на посебна заштита. Турк, исто така, истакна дека „намерното убиство на цивили, затвореници и други лица кои се „надвор од борба“ е воено злосторство“. мс/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан