Израел ги повика на евакуација цивилите во долината Бека, на истокот на Либан
- Портпаролот на армијата на арапски јазик, Авичај Адраи, во две посебни пораки поткрпени со фотографии на згради означени со црвено, издаде „итно предупредување до жителите на регионот Бека“
Бејрут, 17 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија денеска издаде наредба за евакуација на населението во регионот на долината Бека, во источен Либан, предупредувајќи на напад на двете области „во блиска иднина“.
Портпаролот на армијата на арапски јазик, Авичај Адраи, во две посебни пораки поткрпени со фотографии на згради означени со црвено, издаде „итно предупредување до жителите на регионот Бека“
Првата се однесува „особено на оние кои живеат во зградата означена на мапата во областа Темнине“, а втората „во областа Сараин ал-Тахта и околните згради“.
„Живеете во близина на објекти и интереси кои му припаѓаат на Хезболах кои ќе бидат цел на одбранбените сили во блиска иднина“, додаде портпаролот, повикувајќи ги жителите да се евакуираат „најмалку 500 метри“ од наведените цели.
Од почетокот на октомври, израелската армија напаѓа цели на проиранската милиција Хезболах во Либан, гаѓајќи ги и станбените згради и цивилните објекти за кои постои сомневање дека ги користи Хезболах.сд/
фото:МИА архива