• вторник, 24 декември 2024

Израелски премиер: Немаше претходно предупредување од Египет; не паѓајте на лажни вести

Израелски премиер: Немаше претходно предупредување од Египет; не паѓајте на лажни вести

Тел Авив, 9 октомври 2023 (МИА) - Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху негира дека имало однапред предупредување за масовниот напад на Хамас од египетското разузнавање, како што беше објавено во повеќето медиуми. 

Претходно денеска претставник на разузнавачката служба на Египет изјави дека египетските разузнавачи постојано ги предупредувале Израелците дека „нешто големо се подготвува“, но дека нивните колеги ги игнорирале.

Тој не кажа што точно им кажале на Израелците, но рече дека тамошните власти биле фокусирани на Западниот Брег и ја игнорирале заканата од Газа.

Нетанјаху рече дека ова не е точно и ги повика Израелците да внимаваат на лажните вести. Воедно, тој побара неговите сонародници да не „паѓаат во ваквите пропагандни замки“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан