• сабота, 23 ноември 2024

Израелски доселеници упаднаа во џамијата Ал Акса во Ерусалим

Израелски доселеници упаднаа во џамијата Ал Акса во Ерусалим

Ерусалим, 6 февруари 2024 (МИА) - Израелски доселеници под заштита на полициските сили денеска упаднаа во дворот на џамијата Ал Акса.

Очевидци изјавија дека десетици доселеници влегле во Ал Акса, од портата Магариба, ги посетиле дворовите на верското здание и изведувале талмудски ритуали, пренесе палестионската агенција ВАФА.

Израелската полиција, стационирана пред портите на Стариот град и џамијата Ал Акса, исто така, спречи влез на палестински граѓани, поради што бројот на верниците се намалува четврти месец по ред. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан