• сабота, 23 ноември 2024

Израелски војници убија палестински демонстрант на Западниот брег

Израелски војници убија палестински демонстрант на Западниот брег
Ерусалим, 19 март 2021 (МИА) - Израелски војници денеска убија палестински демонстрант за време на конфликтот на окупираниот Западен брег, објави палестинското Министерство за здравство.
Како што е наведено, Палестинецот бил застрелан во главата во селото Беит Даган во близина на северниот град Наблус, а официјалната палестинска новинска агенција Вафа ја идентификувала жртвата како 45-годишниот Атеф Ханаише.
Израелската војска соопшти дека ги проверува извештаите за инцидентот.
Жителите од тоа подрачје редовно демонстрираат против еврејските населби, а протестите често прераснуваат во насилство, бидејќи Палестинците фрлаат камења и запаливи бомби кон војниците кои ги растеруваат со солзавец и гумени куршуми, а понекогаш и со боева муниција. паг/    

Остани поврзан