• петок, 05 декември 2025

Израелски амбасадор во ОН: Дејствувавме за да го спречиме уништувањето на нашата држава

Израелски амбасадор во ОН: Дејствувавме за да го спречиме уништувањето на нашата држава

Њујорк, 13 јуни 2025 (МИА) – Израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Дени Данон, изјави дека израелските напади врз Иран претставуваат реакција на долгогодишната антиизраелска реторика на иранските лидери и обид за спречување на уништување на државата.

– Ова не е само клучен момент за Израел, туку и за глобалниот безбедносен поредок и за кредибилитетот на меѓународниот систем, рече Данон пред Советот за безбедност на ОН.

Тој нагласи дека нападите на Израел биле насочени кон „демонтажа на иранската нуклеарна програма“ и кон „неутрализирање на способноста на режимот да ја оствари својата јавно изразена закана за уништување на Државата Израел“.

Данон го опиша Иран како „геноциден режим“, а Израел како „демократија под опсада“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан