• сабота, 23 ноември 2024

Израелските сили упаднаа во болница во Кан Јунис

Израелските сили упаднаа во болница во Кан Јунис

Газа, 9 февруари 2024 (МИА) - Израелските сили денеска упаднаа во болница во Кан Јунис, најголемиот град на југот на Појасот Газа, кој го опколуваа со недели, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Се наведува дека „окупациските сили упаднале во болницата Ал-Амал и почнале да ја пребаруваат“ и дека Црвената полумесечина има потешкотии да комуницира со своите тимови во болницата.

Болницата Ал-Амал е во центарот на конфликтот меѓу израелските сили и борците на Хамас, кој владее со Газа од 2007 година.

Палестинската Црвена полумесечина вчера извести за „силно гранатирање и истрели“ околу болницата.

Невладината организација за медицинска помош апелира да се заштити установата и да се овозможи продолжување на снабдувањето, посочувајќи дека нема доволно кислород, лекови и гориво за генераторите на струја во болницата.

Црвената полумесечина оваа недела соопшти дека 8.000 луѓе биле евакуирани, кои се засолниле во болницата Ал-Амал и околу нејзините блиски локални канцеларии.

Околу 40 раселени лица, 80 пациенти и 100 вработени останаа во болницата по евакуацијата.

Иако теоретски имаат посебна заштита според законите на војната, болниците се цел на израелската армија во војната што започна во октомври.

Во Газа веќе нема ниту една болница што нормално функционира, објавија во средата ОН. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан