• понеделник, 28 октомври 2024

Израелските војници убиле висок командант на Хамас на Западниот Брег

Израелските војници убиле висок командант на Хамас на Западниот Брег

Ерусалим, 27 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија соопшти дека нејзините сили убиле висок командант на палестинското движење „Хамас“ на Западниот Брег, јави ДПА.

Во заедничко соопштение со контраразузнавачката служба Шин Бет и израелската полиција, армијата наведува дека го нападнала Џамил Одех во градот Тулкарем на северозападниот дел на Западниот Брег.

И палестинското Министерство за здравство во Рамала ја потврди смртта на 29-годишниот маж.

Според Хамас и израелските власти, Одех бил теренски командант на бригадите Изедин ал-Касам, воено крило на исламистичката организација, во Тулкарем.

Израелската војска соопшти дека тој подготвувал напади кои требало да бидат извршени. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан