• сабота, 23 ноември 2024

Израелскиот суд пресуди дека поранешниот премиер Олмерт го наклеветил Нетанјаху

Израелскиот суд пресуди дека поранешниот премиер Олмерт го наклеветил Нетанјаху
Ерусалим, 21 ноември 2022 (МИА) - Израелскиот суд денеска пресуди дека поранешниот премиер на Израел Ехуд Олмерт го наклеветил неговиот наследник Бенјамин Нетанјаху и му нареди да плати отштета на поранешниот лидер и неговото семејство.
Тужбата против единствениот израелски премиер кој служеше затворска казна беше покрената минатата година од Нетанјаху, премиерот со најдолг стаж на Израел. Тој беше на власт вкупно 15 години, од кои 12 последователни, а сега е мандатар за состав на новата влада.
Нетанјаху го тужеше Олмерт поради изјавите од 2021 година по серија парламентарни изборни процеси во кои немаше јасен победник.
Во тоа време, Нетанјаху одби да се повлече иако му се судеше за корупција.
Судот во Тел Авив го отфрли тврдењето на Олмерт дека „добронамерно го изразил своето мислење“, велејќи дека Нетанјаху покажал „лудо однесување“ и дека неговата сопруга и синовите страдаат од „ментални болести“.
Судот пресуди дека изјавите на Олмерт за Демократ ТВ минатиот април претставуваат клевета и му наложи на поранешниот премиер да плати отштета од 18.000 долари на Нетанјаху и неговото семејство, како и судски трошоци.
Олмерт може да поднесе жалба на пресудата. Тој беше осуден за корупција додека беше градоначалник на Ерусалим и министер за трговија и одлежа 16 месеци затвор. паг/
     

Остани поврзан