Израелскиот премиер до младите: Ако не сакате рестрикции, веднаш да се вакцинирате
- Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги повика младите Израелци да се вакцинираат откако бројот на новозаразени со коронавирус почна полека да се зголемува поради ширењето на новата „делта“ вари
Тел Авив, 27 јуни 2021 (МИА) - Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги повика младите Израелци да се вакцинираат откако бројот на новозаразени со коронавирус почна полека да се зголемува поради ширењето на новата „делта“ варијанта на вирусот.
- Не сакаме да воведуваме никакви ограничувања на забави, екскурзии или слично. Но, особено поради тоа, ако не сакате ограничувања, одете вакцинирајте се денес. Зборувајте со вашите родители и вакцинирајте се, им порача Бенет на младите.
Израел повторно воведе задолжително користење на заштитни маски во затворен простор поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус. Министерството за здравство на Израел соопшти дека вчера беа регистрирани 113 нови случаи.
Израелскиот премиер, исто така, рече дека е назначен специјален директор кој управува со граничните премини, пред се со меѓународниот аеродром, за да се спречи доаѓањето на заразените, бидејќи се пријавени многу нови случаи на инфекција меѓу патниците од странство. ссм/