• вторник, 19 ноември 2024

Израелскиот министер за надворешни работи и Блинкен разговараа за регионалната стабилност

Израелскиот министер за надворешни работи и Блинкен разговараа за регионалната стабилност

Ерусалим, 8 мај 2023 (МИА) – Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараа за напорите за подобрување на регионалната стабилност, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

- Министерот за надворешни работи Ели Коен го информираше државниот секретар за неодамнешните активности на Израел за промовирање на регионалната стабилност и двајцата разговараа за унапредување на дополнителни чекори кон нормализација, во рамките на проширување и продлабочување на Абрахамскиот договор, се вели во соопштението.

Се работи за договорот што Израел го потпиша со заливските држави во 2020 година, со посредство на САД. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан