• понеделник, 23 декември 2024

Израелскиот Кнесет усвои Закон за депортација

Израелскиот Кнесет усвои Закон за депортација

Ерусалим, 7 ноември 2024 (МИА) - Израелскиот парламент денеска усвои закон со кој ќе се дозволи депортација на членовите на семејствата на палестинските напаѓачи во Појасот Газа или на други локации.

Законот, за кој се залагаа членовите на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите екстремно десничарски сојузници, според експертите, најверојатно ќе биде оспорен на суд.

Правните одлуки ќе се однесуваат на палестинските граѓани на Израел и жителите на анектираниот Источен Ерусалим кои однапред знаеле за напади на членови на нивните семејства или кои „изразуваат поддршка или идентификација со терористички чин“.

Тие би биле депортирани во Појасот Газа или на друга локација, за период од седум до 20 години.

Според Еран Шамир-Борер, виш истражувач во Израелскиот институт за демократија, доколку законот се најде пред суд, тој најверојатно ќе биде поништен врз основа на претходните израелски случаи поврзани со депортации.

„Суштината е дека ова е целосно неуставно и јасно е дека е во спротивност со основните вредности на Израел“, рече Шамир-Борер. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан