• понеделник, 23 декември 2024

Израелска фондација го награди доктор Фаучи за одбрана на науката

Израелска фондација го награди доктор Фаучи за одбрана на науката
Тел Авив, 15 февруари 2021 (МИА) - Познатиот американски имунолог Ентони Фаучи е добитник на награда од израелската фондација „Ден Дејвид“ и е награден со милиони долари за неговите напори да добие вакцина против коронавирус, што сега се користи низ целиот свет. Во образложението на израелската фондација се наведува дека д-р Фауџи го заслужил ова признание, бидејќи за време на неговиот професионален живот бил во првите редови на истражувачките напори да најде третман за пациенти заразени со сида и вакцина против коронавирусот. Во соопштението на израелската фондација не се споменува поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој сакаше да го минимизира научниот пристап за кој се залагаше Фауџи, но го опиша американскиот експерт како „човек кој храбро ја бранеше науката од своите противници за време на кризата“. Д-р Ентони Фаучи (80) служел во администрацијата на седум претседатели на САД и бил директор на Националниот институт за алергија и заразни болести од 1984 година. паг/  

Остани поврзан