• вторник, 24 декември 2024

Израелската полиција во источен Ерусалим уапсила 23 лица осомничени за потикнување насилство

Израелската полиција во источен Ерусалим уапсила 23 лица осомничени за потикнување насилство

Тел Авив, 6 ноември 2023 (МИА) - Израелските безбедносни сили во источен Ерусалим уапсиле 23 лица, осомничени за потикнување насилство на протестите, како и за објави на социјалните мрежи со кои се поддржува насилство и терор, соопшти полицијата. 

Во меѓувреме, медиумите објавија дека истакнатиот палестински активист Ахед Тамими, исто така, бил уапсен откако објавил на Инстаграм дека Палестинците, како што рекол, ќе ги „колат“ еврејските доселеници и ќе им ја „пијат крвта“, јави „Тајмс оф Израел“. 

Во источен Ерусалим, мнозинството жители се Палестинци. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан