• вторник, 10 март 2026

Израелската војска убила три вооружени лица во тунел во близина на Рафа

Израелската војска убила три вооружени лица во тунел во близина на Рафа

Тел Авив, 10 март 2026 (МИА) - Израелската војска (ИДФ) денеска соопшти дека нејзините сили пронашле и убиле тројца вооружени мажи додека пребарувале подземна инфраструктура во областа околу Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА.

ИДФ соопшти дека пребарувањето било вчера и дека израелските војници продолжуваат со операциите „за елиминирање на терористите што дејствуваат во областа на терористичката инфраструктура“ и за отстранување на каква било закана.

Во извештајот не се наведува на која организација ѝ припаѓале мажите, пренесува ДПА.

Во Појасот Газа во последните пет месеци е на сила кревок прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас, но досега имаше чести прекршувања, при што секоја страна ја обвинува другата за непочитување на договореното, потсетува германската агенција.сд/ми/

Фото:МИА архива

Остани поврзан