• понеделник, 16 декември 2024

Израелската војска вели дека болницата не е цел на ИДФ

Израелската војска вели дека болницата не е цел на ИДФ

Лондон, 17 октомври 2023 (МИА) – Меѓународниот уредник на Би-Би-Си, Џереми Боуен, вели дека добил изјава во телефонски повик од канцеларијата на портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), реагирајќи на, како што велат палестинските власти, израелски напад врз болницата Ал Ахли во Газа.

Во соопштението се вели дека „болницата е високо чувствителна зграда и не е цел на ИДФ“.

- ИДФ го истражува изворот на експлозијата и како и секогаш дава приоритет на точноста и сигурноста. Ги повикуваме сите да продолжат со претпазливост кога известуваат за непроверени тврдења за терористичка организација, јави Би-Би-Си цитирајќи го соопштението. јт/

Остани поврзан