• сабота, 23 ноември 2024

Израелската Влада одлучи да ги затвори претставништвата на Ал Џезира во Израел

Израелската Влада одлучи да ги затвори претставништвата на Ал Џезира во Израел

Тел Авив, 5 мај 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата Влада едногласно одлучила да ги затвори локалните претставништва на катарската ТВ Ал Џезира.

Одлуката Нетанјаху ја објави на платформата „Икс“, но последиците од таквиот чекор за таа телевизиска куќа и кога ќе стапи на сила, и дали е трајно или привремено затворена – се уште не се познати.

Таквата одлука е ескалација на долгогодишното противење на Ал Џезира и се заканува да ја зголеми тензијата со Катар, сопственикот на телевизијата, во време кога Владата во Доха има клучна улога во посредувањето барем привремено да се прекине војната во Газа.

Ал Џезира објавува снимки од воздушни напади, преполни болници и го обвинува Израел за масакр.

Израелските лидери тврдат дека Ал Џезира соработува со Хамас. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан