• сабота, 23 ноември 2024

Израелската армија ќе ги отпушти офицерите вклучени во нападот на хуманитарниот конвој во Газа

Израелската армија ќе ги отпушти офицерите вклучени во нападот на хуманитарниот конвој во Газа

Тел Авив, 5 април 2024 (МИА) - Израелската војска планира да отстрани двајца офицери од нивните позиции по фаталниот напад врз вработените во хуманитарната организација Светска централна кујна во Појасот Газа, јави ДПА.

Началникот на Генералштабот, Херзи Халеви одлучи да разреши одговорен командант и началник на штабот на одговорната бригада, објави денеска војската. Медиумите објавија дека другите команданти добиле предупредување.

Според армиската истрага објавена денеска инцидентот во понеделникот бил „сериозен неуспех“ од страна на израелските сили. Тие го нападнале хуманитарниот конвој поради сомнение дека во возило се наоѓаат двајца вооружени членови на Хамас, според истрагата.

Израелските сили не ги препознаа возилата како на хуманитарната организација, која рече дека се јасно обележани. Нападите на трите возила се извршени со „сериозно кршење на наредбите на армијата и стандардните оперативни процедури, се додава во извештајот на истрагата, пренесува ДПА.

Резултатите од истрагата укажуваат дека инцидентот не требало да се случи.

Инцидентот, во кој загинаа седум хуманитарни работници, вклучително и тројца Британци, доведе до обновени повици од Западот, Израел да се грижи повеќе за животите на цивилите во Газа, па дури и поттикна некои британски пратеници да побараат да се прекине продажбата на оружје на Израел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан