• четврток, 26 декември 2024

Израелската армија суспендираше четири војници, нападнале Палестинци без причина

Израелската армија суспендираше четири војници, нападнале Палестинци без причина
Ерусалим, 24 август 2022 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти за суспендирани четири војници затоа што нападнале Палестинци без причина. Тие се суспендирани откако на социјалните мрежи се појави видео каде се гледа како тепаат и шутираат двајца притворени Палестинци. Началникот на израелската армија, генерал полковник Авив Кохави оцени дека сериозниот и неприфатлив инцидент е спротивен на вредностите на војската. - Нема, а нема ни да има место во Израелските одбранбени сили за таков вид однесување, подвлече Кохави. Израел го освои Западниот Брег во шестдневната војна во 1967 година. Палестинците тежнеат кон тоа, територијата да биде главен дел од нивната идна држава, што би го опфатила и Појасот Газа, а главен град да биде источен Ерусалим. На територијата живеат околу три милиони Палестинци под израелска воена управа и речиси половина милион еврејски доселеници кои имаат израелско државјанство. Палестинците изведоа десетици напади на Западниот Брег изминатите години, а војската спречи многу други обиди за напад. Меѓутоа, организации за човекови права тврдат дека војници често користат прекумерна сила. Израел убедува оти го истражува наводното кршење на воената дисциплина, но, како што пишуваат медиуми, истрагите траат со месеци, па дури и со години. Според организации за човекови права, војници ретко се прогласуваат за одговорни. бд/

Остани поврзан