Израелската армија го пронајде досега најголемиот тунел што го користел Хамас во Појасот Газа
- Тунелот е долг околу четири километри, педесетина метри под земја, а на некои места, се чини, е доволно широк за да можат да поминуваат возила, но не навлегува на израелска територија.

Тел Авив, 17 декември 2023 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека го пронашла најголемиот тунел во Појасот Газа во близина на граничниот премин Ерез кон Израел, кој исламскиот екстремистички Хамас го користел за напади.
Тунелот е долг околу четири километри, педесетина метри под земја, а на некои места, се чини, е доволно широк за да можат да поминуваат возила, но не навлегува на израелска територија.
Еден од влезовите во тој тунел е пронајден на само 400 метри од преминот Ерез, преку кој палестинските цивили влегувале во Израел за да работат и да се лекуваат.
Во некои делови биле пронајдени непробојни врати, за кои се вели дека биле поставени за да се спречи влез на израелски војници. Во тунелот е пронајдено оружје што му припаѓа на Хамас. зш/
фото ИДФ