Израелската амбасадорка Франкел во посета на Собранието
- Амбасадорката на Израел, Симона Франкел денеска ќе го посети Собранието на Реублика Северна Македонија.

Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Амбасадорката на Израел за земјава, Симона Франкел денеска ќе го посети Собранието.
Како што е објавено на веб страницата на Собранието, амбасадорката Франкел ќе се сретне со собранискиот претседател Талат Џафери.
Франкел е дипломат од кариера. Дипломатската мисија како амбасадор на Израел за земјава ја започна пред една година. вг/сп/