• четврток, 07 ноември 2024

Изов повика 23 фудбалерки за завршниот дуел во Лигата на нации

Изов повика 23 фудбалерки за завршниот дуел во Лигата на нации

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) – Селекторот на македонската женска репрезентација Кирил Изов денеска го објави списокот за претстојниот дуел против Бугарија во Лигата на нации на кој се најдоа 23 фудбалерки, предводени од капитенката Наташа Андонова која се враќа во националниот тим по санирање на повредата.

Македонските фудбалерки со гостувањето во Софија на 5 декември ќе го заокружат неуспешниот настап во премиерната сезона во Ц-дивизијата во Лигата на нации во која претрпеа два порази од Косово, како и пораз на првиот натпревар против Бугарија во Скопје.

Мини подготовките за реваншот во Бугарија избраничките на селекторот Изов ќе ги стартуваат на 3 декември.

Повикани фудбалерки за дуелот против Бугарија:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Ведрана Комненова (Скопје);

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје), Драгана Костова (Каменица Саса), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Катерина Петкова (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Симона Мејер (Макаби Хадера, Израел), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Елена Петровска (Љуботен), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед);

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје), Рабија Дервиши (Скопје), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Илза Максути (АС Јунајтед). ег/хс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан