• вторник, 24 декември 2024

Изов: Нема да биде лесно, но очекувам добар пласман во Лигата на нации

Изов: Нема да биде лесно, но очекувам добар пласман во Лигата на нации

Дојран, 8 август 2023 (МИА) – Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација, Кирил Изов очекува добар пласман во Лигата на нации, натпреварување кое почнува во септември.

 

- Целта на овој камп е што подобро да се подготвиме за предизвиците што не очекуваат наредниот период.  Моите фудбалерки максимално сериозно се залагаат на овие тренинзи, работиме напорно и се трудиме од ден во ден да бидеме се подобри. Во септември стартува Лигата на нации. Се наоѓаме во група со Бугарија и Косово. Нема да биде лесно, но очекувам до самиот почеток да бидеме во добра натпреварувачка форма. Првиот натпревар го играме против Бугарија, во Скопје на 22 септември. Очекувам добар наш настап на претстојните натпревари од Лигата на нации. Се надевам дека ќе успееме да обезбедиме добар пласман и ќе ги израдуваме нашите навивачи, изјави Изов за сајтот на ФФМ

 

Македонските фудбалерки за претстојните натпревари се подготвуваат во спортскиот центар „Истатов“, во Дојран.

 

- На програмата се 10 тренинзи и две контролни средби против младата машка репрезентација на Македонија до 15 години. Ќе го искористиме овој период за да се подготвиме и да бидеме на едно високо ниво пред почетокот на Лигата на нации, додаде Изов.

 

На подготовките во Дојран се наоѓаат:

голмани: Марија Јаневска (Истатов 2015), Кристина Павлоска (Шкендија);

 

одбрана: Сара Коларовска (Скопје 2014), Катерина Милеска (Цевитана), Ана Милчевска, Катерина Петкова (Истатов 2015), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов 2015), Сузана Бошковска (Истатов 2015);

 

среден ред: Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Сара Ефтинџиоска (Цевитана), Дајана Ристовска (Скопје 2014), Елма Шемсовиќ (Скопје 2014), Миа Головска (Скопје 2014), Рабија Дервиши (Скопје 2014);

 

напад: Стефанија Ристова, Јована Павловска (Цевитана), Јулија Живиќ, Хава Мустафа (Шкендија), Јилза Максути (Асс Јунајтед), Ленче Андреевска (Каменица Саса). зс/

Остани поврзан