• вторник, 27 август 2024

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските дуели со Летонија и Австрија

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските дуели со Летонија и Австрија
Скопје, 29 август 2022 (МИА) – Селекторот на македонската репрезентација Кирил Изов денес го објави списокот на фудбалерки за натпреварите во европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година. На тренинг центарот „Петар Милошевски", на 1 септември гостува Летонија, а пет дена подоцна (6 септември) во вториот натпревар од септемвриските квалификации „црвено-жолтите“ гостуваат во Австрија. За овие натпревари Изов упати повик до: голманки: Магдалена Лекоска (Љуботен), Викторија Панчурова (Тиверија); одбрана: Драгана Костова (Каменица Саса), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Елена Петровска (Љуботен), Викторија Недева (Тиверија), Ана Милчевска (Истатов Кул), Теодора Ѓорѓиевска (Истатов Кул), Христина Јошевска (Љуботен), Јулија Живиќ (Сплит); среден ред: Александра Јовановска (Истатов Кул), Мила Талевска (Каменица Саса), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Марјана Нацева (Борусија Дортмунд), Теа Божиновска (Ријека), Хава Мустафа (Шкендија), Александра Марковска (Скопје), Наташа Андонова (Леванте), Елма Шемсовиќ (Каменица Саса); напад: Оливера Цоклеска (Ас Јунајтед), Улза Максути (Ас Јунајтед),  Бојана Петкова (Истатов Кул), Салији Шкипе (Хесен Мулхајм. Германија), Гентјана Роки (Купс, Финска); Тренинг базата на македонските фудбалерки е во хотел Истатов, Нов Дојран. зс/

Остани поврзан