• сабота, 23 ноември 2024

Изминатото деноноќие произведени 10.547 мегават часови електрична енергија

Изминатото деноноќие произведени 10.547 мегават часови електрична енергија
Скопје, 21 април 2023 (МИА) - АД ЕСМ вчера произведe 10.547 мегават часови електрична енергија, соопшти Владата.
 
Струјата е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти.
Како што информираат од владината прес-служба, во термоелектраните произведени се 7.989 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.558 мегават часови електрична енергија.
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.400 мегават часови електрична енергија.дма/
 
Фото:Влада

Остани поврзан