• четврток, 23 јануари 2025

Изминатата седмица санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на Центар

Изминатата седмица санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на Центар

Скопје, 23 декември 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот од 16-ти до 22 декември 2024 година со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар, велат од јавното претпријатие, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

Потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. сст/нд/

фото ЈП ПОЦ

Остани поврзан