• понеделник, 30 март 2026

Изминатата седмица санкционирани 103 непрописно паркирани возила во Центар 

Изминатата седмица санкционирани 103 непрописно паркирани возила во Центар 

Скопје, 30 март 2026 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 23 до 29 март  со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од јавното претпријатие. 

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа, како што велат оттаму, ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. сст/вј/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан