• понеделник, 30 декември 2024

Изложени стотина фотографии сведоци на 100 години постоење на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово

Изложени стотина фотографии сведоци на 100 години постоење на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово

Тетово, 17 мај 2022 (МИА) - Во рамки на повеќето активности кои месецов се одржуваат во знак на 100 години од постоењето на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ вечерва отворена беше изложба на фотографии со кои се претставува работата на оваа културна организација во изминатиот еден век во градот Тетово. Изложени се стотина фотографии во новата управна зграда на Музејот на тетовски крај, поранешен Дом АРМ.

- Со овие фотографии претставуваме една огромна хронологија на настаните во изминатите 100 години- не се сите фотографии, само еден дел од фотографии,кои сметавме дека се најпогодни кои ќе ја претстават хронолошки целокупната работа од 1922 па се до 2022 година. Поделени се периодите на два дела до 1947 кога друштвото функциниора под називот Бинички, па после ослободувањето од 1947 со името Иљо Антески Смок. Воедно тогаш и стартува преродбата на културното живеење во Тетово. Градот бил еден од местата кој и пред и после војната имал еден од најразвиените друштва кои што дале голем придонес за државата со голем број уметнили групи, музички, драмски и повеќе видови секции, изјави Хаџи Милорад Ѓорѓевски, претседател на Здружението.

Изложбата на фотографии ќе биде поставена во Музејот до 24 мај. Во сабота 21 мај активностите продолжуваат во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ каде од 19.30 часот ќе започне одржувањето не шестиот Интернационален фолклорен фестивал „Пелагија 2022“ со учество на фолклорни групи од Македонија и странство. ас/нд/

Остани поврзан