• недела, 13 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Изложба „Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции“ во Музејот на современата уметност

Изложба „Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции“ во Музејот на современата уметност

Скопје, 8 април 2025 (МИА) - Во Музејот на современата уметност во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата насловена „Форми во лет, меѓународни уметници во француските колекции“.

Изложбата е организирана од Францускиот институт во Скопје и Музејот на современата уметност - Скопје, во соработка со Музејот за современа уметност во Лион и градот Лион.

Низ селекција на значајни дела од колекцијата на Музејот на современата уметност - Скопје, од автори како Карлос Круз-Диез, Хисао Домото, Ана-Ева Бергман, Пјотр Ковалски, Зоран Мушиќ, Виргилије Невјестиќ, Енрике Пејсере, се истакнуваат уметници и од целиот свет, кои по Втората светска војна заминуваат во Париз, каде се формираат многубројни меѓународни уметнички заедници.

-Селекција на дела од современи и реномирани автори од Музејот за современа уметност во Лион, како Јасмина Чибиќ, Даниеле Вале-Клајнер, Анж Лесија и Шурук Хриеш ќе бидат премиерно прикажани за време на изложбата. Тоа дополнително ќе влијае на размислата за миграциите на уметниците и важноста на културната размена, соопштија организаторите.

Како што е најавено, официјално изложбата ќе ја отворат Тихомир Топузовски, в.д директорот на Музејот на современата уметност - Скопје, Филип Маршето, прв советник во Амбасадата на Франција, и Матје Лелиевр, одговорен за одделот „колекции“ во Музејот на современа уметност во Лион и куратор на изложбата.

Изложбата ќе биде отворена во текот на еден месец.бт/вг/

Фото: брошура

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан