Изложба „Траги“ на Горан Ристовски во Струга
- Изложбата „Траги“ на ликовниот уметник Горан Ристовски утревечер ќе биде отворена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Горан Ристовски (Струга, 1987) е ликовен уметник кој живее и работи во Струга. Дипломирал во 2009 на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Учествувал на многу проекти и групни изложби во земјава и надвор. Самостојно има изложувано во Струга, Скопје, Куманово, Охрид и Берлин.
Неговата уметничка практика е во полето на цртежот, графиката, сликарството, графичкиот дизајн, муралот, инсталацијата, фотографијата, вклучувајќи и користење на готови предмети. Активно учествува на локални проекти од областа на културата, во активности кои се залагаат за имплементирање на уметничката практика во животот на младите.
Ристовски е организатор на резиденциските уметнички престои во Струга, каде се реализирани неколку колективни изложби - инсталации поставени во специфични и напуштени објекти. Работи како професор по ликовна уметност во Струга, еден е од основачите и членовите на уметничкото здружение ИНКА од Струга. мд/сп/