• среда, 25 декември 2024

Изложба со примероци од „Бели мугри“ на Рацин во Велешката локална библиотека

Изложба со примероци од „Бели мугри“ на Рацин во Велешката локална библиотека

Велес, 25 ноември 2023 (МИА) - По повод 84 години од објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес поставена е изложба на примероци од оваа најпозната стихозбирка од македонски автор. Изложбата е отворена до понеделник, информираат од библиотеката.

Стихозбирката „Бели мугри“ е отпечатена на 25 ноември во 1939 година во печатницата на Драгутин Шпулер во градот Самобор во Хрватска во четири илјади примероци.  Потоа била дистрибуирана по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех.

„Бели мугри“ од Кочо Рацин е составена од 12 песни, од кои два се циклуси (со по шест и седум песни) напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми.

Некои од најпознатите песни на Рацин од оваа стихозбирка се „Ленка“, „Денови“,  „Тутуноберачите“, „Копачите“,„Татунчо“ и други. Основците и средношколците од земјава  овие стихови од „Бели мугри“ по предметот македонски јазик и литература со години наназад и се уште ги учат на памет и стиховите се длабоко врежани  во меморијата и чувствата  на многу македонски генерации, посебно на велешани.

Стихозбирката „Бели мугри“ е најпреведувана стихозбирка од македонски автор. Преведена  е на сите светски и многу јазици во светот. ад/мд/

Остани поврзан