• четврток, 04 декември 2025

Изложба на уметникот Тони Васиќ во Виена

Изложба на уметникот Тони Васиќ во Виена

Скопје, 27 јуни 2025 (МИА) - Во изложбениот простор на Амбасадата на Северна Македонија во Виена од вчера е отворена самостојна изложба на цртежи на македонскиот уметник Тони Васиќ, насловена „Омеѓени приказ(н)и III".

Таа е 15-та самостојна изложба на авторот кој претходно со свои дела се претставувал во Македонија и во странство.

Тони Васиќ учествувал на повеќе од 500 групни изложби и е добитник на 15 национални и интернационални награди за уметност и дизајн. Изложбата ја отворил амбасадорот на нашата земја во Австрија,  Освит Росоклија. хс/аа/

Фото: архива на авторот 

 

Остани поврзан