• недела, 06 октомври 2024

Изложба на различни изданија на книгата „Дневникот на Ана Франк“

Изложба на различни изданија на книгата „Дневникот на Ана Франк“

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - По повод одбележувањето на 85-годишнината од „Кристална ноќ“, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија организира изложба на различни изданија на книгата „Дневникот на Ана Франк“.

Изложбата се состои до 15 изданија на дневникот, објавени на повеќе јазици и печатени низ годините почнувајќи од 1957-2020 година. Книгите се дел од фондот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Изложбата ќе биде отворена денеска во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а посетителите ќе можат да ја погледнат до 20 ноември. дма/

Фото: Плакат

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан