• недела, 21 јули 2024

Изложба на карикатури и концерт на „Вива Стрингс“ во Делчево

Изложба на карикатури и концерт на „Вива Стрингс“ во Делчево
Делчево, 24 септември 2021 (МИА) - Со изложба на карикатури од светски познатиот карикатурист Јитет Коештана и концерт на Гудачкиот квартет „Вива Стрингс“ продолжија културните настани во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево. Директорот на установата, Методи Толевски информираше дека изложбата ќе биде отворена во наредните две недели. -Ги повикувам љубителите на ликовната уметност да ја посетат, а посебно ги поканувам ликовните педагози да ги донесат талентираните деца со цел да црпат инспирација од богатото творештво на најпознатиот индонезиски карикатурист, рече Толевски. За концертот на „Вива Стрингс“ додаде дека е концерт, кој на барање на љубителите на добрата музика по втор пат се реализира во Делчево. Членовите на „Вива Стрингс“ истакнаа дека пандемијата ги диктира условите за работа на повеќето уметници, но изразија оптимизам дека по нејзиното стивнување ќе имаат и поголеми планови околу нивните настапи. вс/рп/

Остани поврзан