• недела, 25 август 2024

Изложба на дела од четворица графичари во МКЦ

Изложба на дела од четворица графичари во МКЦ
Скопје, 14 април 2021 (МИА) - Во Галерија МКЦ денеска во 17 часот ќе биде отворена групна изложба со едноставен наслов „Изложба“, на која ќе бидат претставени дела од  младите графичари Ана Трајковска, Душан Стефановски, Ивана Секулоска и Јован Јосифовски. Младинскиот културен центар во најавата за изложбата наведува дека авторите преку индивидуалните експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и врз различни материјали (епоксидна смола, линолеумски отпад, гипс, желатинска фолија, лесонит, тул, хартија...)  помалку или повеќе ќе успеат да ги допрат граничните подрачја и ќе ги прелеат и слеат во други ликовни медиуми во кои непосредно може да се препознаат карактеристиките на проширеното поле на графичката уметност.
- Уметниците ќе ги презентираат своите дела кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Низ различни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилски концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле, додава МКЦ за изложбата која ќе биде отворена до 24 април. хс/лв/
     

Остани поврзан