• сабота, 23 ноември 2024

Изложба на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова во КИЦ

Изложба на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова во КИЦ

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова насловена „FLUX Surfacing“.

Како што информираат од КИЦ, проектот „FLUX: Surfacing“ е продолжение на интерактивната изложба „FLUX“ организирана од страна на Ивана Ќ. Самандова и Ана Трајковска која што се оддржа во ноември во отворено графичко студио, 2022 година. 

Aна Трајковска е дипломиран  графичар, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Таа е главно насочена кон графиката како медиум. Експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од нејзиното традиционално восприемање. 

Ивана Ќ. Самандова дипломира на отсек сликарство, модул конзервација и реставрација. Нејзината уметничка практика се фокусира на процесите на набљудување и истражување на социо-политички проблематики, структури, однесување и интерконекции помеѓу специфични ситуации на една заедница или индивидуа.  

Изложбата ќе биде отворена до 02.10.2023 година, а настанот е финансиран од Град Скопје и е дел од проектот „Скопје кандидат за Европска престолнина на културата 2028“. ар/лв/

ФОТО/КИЦ

Остани поврзан