• сабота, 23 ноември 2024

Изложба „Вон боите“ на Висар Мулиќи во Чифте амам

Изложба „Вон боите“ на Висар Мулиќи во Чифте амам
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) - Во Чифте амам на 28 октомври ќе биде отворена изложба на уметникот Висар Мулиќи „Вон боите“. - Пред експресивните дела на Висар Мулиќи се наоѓате во турбулентен универзум, каде егзистенцијалната грижа и искуство на авторот, неговата емоција се заглавени во психологијата на голем број фигури, понекогаш апстрахирани како динамични точки каде испреплетените кадри пулсираат непрекинато. Овие експресивни фигури се претвораат во оригинален лајтмотив во неговата креативност, како и со видливи и скриени тензии во композициските структури, понекогаш поетски, а понекогаш и драматични. Секој елемент што се користи во неговите дела се појавува како чиста форма сам по себе без да преземе обврска да пренесе некоја посебна порака, вели кураторот Зени Балажи за изложбата на Мулиќи. Тој додава дека делата на сликарот Висар Мулиќи докажуваат долг пат, каде професионалноста и уметничката оригиналност постојано се натпреваруваат со личната слика, сега целосно формулирана со експресионистичка димензија, што ја зголемува гледаноста и задоволството кај јавноста. Висар Мулиќи е роден во 1966 година во Приштина. Студиите ги завршил на Факултетот за Уметности на Универзитетот во Приштина во 1990 година и магистрирал во 1997. Од 1995 година работи како асистент, професор и доцент по сликарство на Факултетот за уметности на Универзитетот во Приштина. Неговата уметничка креативност вклучува современо експресионистичко сликарство со изразена чувствителност кон материјалот со кој работи. Учествувал на многу групни и неколку самостојни изложби на Косово и на меѓународна сцена: Косово, Австрија, Албанија,  Северна Македонија, Франција, Јапонија, Белгија, Германија, Швајцарија итн., од 1992-2004 година учествува во сите колективни изложби.организирани од „Здружението на уметници на Косово“. Живее и работи во Приштина. Изложбата на Мулиќи во Во Чифте амам ќе биде отворена до 5 ноември 2021.см/

Остани поврзан