• среда, 27 ноември 2024

Изложба „Бајката и бајковитото“ во Галерија „КО-РА“'

Изложба „Бајката и бајковитото“ во Галерија „КО-РА“'

Скопје, 2 април 2024 (МИА) – Во Галерија „КО-РА“ денеска ќе биде отворена групната изложба по повод Светскиот Ден на бајката - 2 април и по повод Светскиот Ден на среќата - 20 март. 

Изложбата насловена „Бајката и бајковитото“ со поднаслов „Среќата – што е тоа“ е дел од културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Како што информираат од Град Скопје, помеѓу учесниците се Марија Светиева, Валентина Илијевска, Емилија и Стојче Тоциновски, Назли Џан, Билјана Билбилоска, Жанета Радевска Спировска, Славица Таневска, Борјана Божиновска Ѓоргиевска, Игор Љубовчевски, Гордана Квајо од Р.Хрватска, Љубе Алексовски, Ивона Велковска, Хари Манчев, Виктор Бранѓолица, Виолета Николова Виле, Ангелца Стоиљковиќ, Анита Огњановска, Елизабета Костова, Маја Николовска, Ј.Ивановска, Сузана Арсова, Јорданка Мирковска, Гордана Винчиќ, Дијана Петкова, Андријана Андреева, Нена Туниќ, како и група студенти од МИТ Универзитетот од Скопје и група студенти од Европскиот Универзитет од Скопје, помеѓу кои се Ѓорги Гошев, Тамара Макриева, Стефани Ушева, Меланија Стојанова, Ивана Славковска. ар/аа/
Фото: Град Скопје

 

 

Остани поврзан