• сабота, 23 ноември 2024

Излезе од печат 11-тиот број на „Дипломатскиот летопис“ (ПВТ)

Излезе од печат 11-тиот број на „Дипломатскиот летопис“ (ПВТ)
Скопје, 7 јули 2021 (МИА) - Излезе од печат 11-тиот број на списанието „Дипломатскиот летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб во Скопје. - Најновиот број на списанието содржи три актуелни теми од меѓународните односи - три децении од 1991 година, година на осамостојувањето на државата и етаблирање на Македонија како меѓународен субјект; дипломатијата и глобализацијата во услови на пандемија; како и искуствата на Словенија со претседателствувањето на Словенија со Европската унија, преку авторски текст на амбасадорот на оваа земја во Скопје, Милан Предан, наведуваат од Дипломатскиот клуб. Во овој број објавен е и коментар за некои идеи за промена на границите на Балканот, осврти за бегалците и за миграциите, како и за билатералните односи меѓу Македонија и Монголија и Северна Македонија и Романија. Редакцијата и во овој број, кој е издаден со поддршка на Министерството за култура, продолжува со објавување на детали од дипломатската активност и творештвото на истакнати македонски амбасадори, во случајов за Коле Чашуле и за Илија Топаловски. Од Дипломатскиот клуб посочуваат дека во ова издание се нотираат и актуелните изданија со дипломатска и стручна тематика, како и библиографијата на сите прилози досега објавени во првите десет броја на „Дипломатски летопис“.бт/са/

Остани поврзан