• петок, 21 февруари 2025

Издаден налог за апсење на Јун поради обид за воведување воена состојба

Издаден налог за апсење на Јун поради обид за воведување воена состојба

Сеул, 18 јануари 2025 (МИА) - Судот во Сеул денеска издаде налог за формално апсење на соборениот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол поради неговиот неодамнешен неуспешен обид да воведе воена состојба.

Западниот окружен суд во Сеул го издаде налогот врз основа на наводите дека Јун водел бунт и ја злоупотребил моќта кога прогласил воена состојба на 3 декември, објавија јужнокорејските медиуми.ж

По издавањето на налогот, истражителите можат да го задржат Јун во притвор до 20 дена, вклучувајќи ги и деновите што тој веќе ги поминал во притворен центар по неговото апсење во неговата резиденција во Сеул во средата.

Обвинителството се очекува да ја продолжи истрагата и да го обвини пред да истечат 20-те дена.

Јун се појави вчера пред судот, кој ги разгледа аргументите за и против неговото апсење.

Јужнокорејскиот парламент го отповика Јун на 14 декември поради воведување воена состојба. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан